понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЗаработила 1 милион долари за 48 часа! Атрактивната јутјуберка откри дека отворила...
spot_img

Заработила 1 милион долари за 48 часа! Атрактивната јутјуберка откри дека отворила профил на „OnlyFans“ 

Корина Коф, позната јутјуберка и гејмерка, за само 48 часа успеала да заработи неверојатни 1 милион долари и тоа на страница за возрасни.

Јутјуб ѕвездата која на таа платформа има околу 2 милиони следбеници, додека на Инстаграм има околу 6 милиони, светска слава стекнала благодарение на сексуалните шеги во влоговите, но и фактот дека е активна во геминг индустријата.

Меѓутоа, очигледно дека заработката од овие социјални мрежи не ѝ била доволна, па решила да отвори профил на популарниот сајт „OnlyFans“.

Како што открила неодамна во еден од влоговите на нејзиниот пријател и јутјубер, Дејвид Добрик, досега на оваа платформа заработила неверојатни милион долари. За само една фотографија на која ги покажала градите добила 165.000 долари.

Моделот и инфлуенсерка профилот на оваа социјална мрежа го отворила минатиот месец, и очигледно го направила вистинскиот деловен потег, барем кога се работи за заработка.

„За 48 часа заработив повеќе од 1 милион долари. Потоа се коцкав за да го прославам тоа и освоив уште 30.000 долари“, рекла атрактивната русокоса.

Таа не сакала да ја обелодени вкупната сума која ја заработува месечно, но изгледа дека нема финансиски проблеми, со оглед дека неодамна се почестила со ново Ферари во вредност од 400.000 долари.

И покрај неверојатно високата сума која ја добила за содржината на „OnlyFans“, често можат да се слушнат критики дека нејзиниот профил нема доволно безобразни и провокативни фотографии и дека на некој начин ги мами своите претплатници.

Нема секоја фотографија да биде најлудата што сте ја виделе. Ако не ви се допаѓа мојата содржина, одјавете се. Ќе објавувам што јас сакам и кога јас ќе сакам. Ако не ви се допаѓа тоа, одете си“, порачала таа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ