среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЖивејачката во септември била најскапа оваа година: Синдикалната минимална кошница во Македонија...
spot_img

Живејачката во септември била најскапа оваа година: Синдикалната минимална кошница во Македонија стигна до 50.000 денари!?

Инфлацијата излезе надвор од контрола и таа според последните пресметки достигна високи 18,7 проценти. Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, за септември, потенцираат оттаму, достигна 50.224,00 денари.

Според синдикатот, бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направиле милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто.

Затоа бараат доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.

Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари).

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ