понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДрогата стана главен извор на „егзистенција“: Претреси на подрачјето на СВР Штип,...
spot_img

Дрогата стана главен извор на „егзистенција“: Претреси на подрачјето на СВР Штип, дури седум млади лица се осомничени и приведени!

Во текот на вчерашниот ден (18.08.2022) СВР Штип согласно оперативниот план „Безбедно лето  2022“, презеде низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што лишени се од слобода М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19). При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори.

Истиот ден, при извршена контрола во Казнено – поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја.

При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите.

По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.   

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ