сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Дрвја и камења“ по министерот Благој Бочварски: Автопатот Штип-Миладиновци сведочи дека Македонија...
spot_img

„Дрвја и камења“ по министерот Благој Бочварски: Автопатот Штип-Миладиновци сведочи дека Македонија нема безбедни патишта, а патарините се меѓу најскапите во регионот (ВИДЕО)

Одрони, свлечишта, кратери на коловози, ваква е состојбата на патиштата низ државата по секои врнежи, без оглед дали се мали количини на воден талог или обилни дождови. Патиштата низ Македонија се небезбедни, старите малку нѐ одржуваат, новите се лошо изведени, а граѓаните и за ваква патна инфраструктура плаќаат патарини. Експертите велат дека не е проблемот во планирањето и проектирањето, туку тоа што државата нема контрола врз инвеститорите и изведувачите, кои во трка за профит при градбата на новите делници најчесто импровизираат.

Пример за лоша изведба е и новиот автопат Штип-Миладиновци, каде се појавуваат свлечишта и одрони, кои државата ќе ја чинат дополнителни 750 илјади евра за санација. Трпевски вели дека тоа најчесто се должи на лошо изведени потпорни ѕидови и дренажни канали. Најверојатно и вчера на Плетвар не е почитувана проектната документација. Решенија има, но потребна е политичка воља, вели Трпевски.

Штетите како онаа на Плетвар не се големи за изведувачот, но се непроценливи за стопанството и граѓаните, кои вчера заглавија на делницата што беше блокирана, вели Трпевски. Транспортерите доцнеа навреме да ја достават стоката, луѓето не стигнаа на време до крајната дестинација. Југозапана Македонија беше отсечена од главниот град цели 9 часа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ