„IQ Up!“ отсега и во Штип, центар за специјална едукацијата која е базирана на иновативна методологија во која се имплементирани најсовремени и докажани техники, пристапи и методи за едуцирање на децата.
Преку забавни и интерактивни програми до решавање на проблематиките на сите природни науки, математика, технологија, инженерство, уметност, литература и програмирање.
Станува збор за едукативен центар кој за секоја програма има специјално дизајнирани сетови од дидактички материјали и нагледни средства кои учителите ги користат на часовите за да создадат магија во наставата, додека IQ Up! училниците, кои наликуваат на забавни лаборатории, се дизајнирани да ги инспирираат децата да учат, создаваат и иновираат.
„За себе велат пред сè дека целта е едукација на стекнување функционално знаење и умствени вештини за целосен интелектуален развој на нашите ученици“.

– На нашите часови, учениците учат преку експериментирање, истражување, анализирање, работа на реални проекти и решавање на проблеми. На тој начин децата стекнуваат функционално и практично знаење, многу полесно и поквалитетно ги разбираат наставните теми и концепти, но и развиваат умствени вештини.
– Логичко размислување, креативност, анлитичко размислување и способност за решавање на проблеми се дел од интелектуалните вештини кои ги развиваат децата преку нашата едукација, а се многу важни за нивниот развој и можности во 21 век.
Драги родители, овозможете им на вашите најмили безгрижно детство и едукација преку забава и интеракција. Регистрирајте се за бесплатен пробен час, стартот е од месец септември.
Региистрација тука – https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSde1GgbDaXaIJiF4ITGoKy6GqBa3PR8nui1tHnEPD_5KoVZpA/viewform?fbclid=IwAR0myraNbZBIcwwOO6d11sxRKSDv17LYWv2RLSBkkjq_yJWgdxAiaCyQMqU
Контакт телефон – 075/427/605
Заследете ја нивната официјална фејсбук страница „IQ UP – Штип“ и следете ги сите новости – //www.facebook.com/IQUPStip/
Уписите се во тек, повеќе инфо на овој линк – https://fb.watch/fd-m70g72A/