петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотДО 2600 ГОДИНА ЌЕ СТАНЕМЕ БЕСМРТНИ Постојат четири начини како тоа ќе...
spot_img

ДО 2600 ГОДИНА ЌЕ СТАНЕМЕ БЕСМРТНИ Постојат четири начини како тоа ќе го постигнеме 

Четирите методи вклучуваат менување органи, клонирање, вбризгување на нашиот ум, вештачка интелигенција и крионичко замрзнување. Тие се доста подиректни и поразлични од проучувањата на некои западни научници за лекарства кои ќе го сопрат стареењето на клетките.

Постојат четири начини за еден човек да стане бесмртен, а до 2600 годиначовештвото ќе биде бесмртно на овој или оној начин, смета рускиот трансхуманист и физичар Алексеј Турчин. Тој на 11 години го изгубил својот најдобар пријател што го навело кариерата да ја посвети на оваа нова област, наречена и долговечност, или „longevity“, пишува ДејлиСтар.

Четирите патокази за вечен живот Турчин ги дал во поглавје од неговата книга „Класификација во пристапот на технолошкото воскреснување“. Всушност, во Москва постои Фондацијата за наука за продолжување на животот, што покажува дека на проблемот не работат само западни научници како Обри Греј од Велика Британија.

Еве ги четирите патишта до вечноста, а ако еден не успее, секогаш постојат уште три можности.

фото: твитер/принтскрин

Смена на органи или биоинженеринг

Планот А е за секој случај, бидејќи не знаеме точно кога технологијата ќе стане доволно напредна за вештачки да го продолжува животот. Во меѓувреме, луѓето кои сакаат да живеат засекогаш, би можеле да ја одложат смртта едноставно со замена на своите органи или да останат живи во „нанотехнолошко тело“.

Замрзнување исто како Волт Дизни

Ако овој метод е недостапен или неуспешен, Турчин препорачува план Б или крионика, односно замрзнување на телото додека не се развие конкретно решение. Ова е слично на митот за Волт Дизни кого го чуваат замрзнат додека да се најде лек за болеста од која боледувал.

Дигитална бесмртност

„Дигиталното полнење“ на тело со ум, било тоа да се податоци од неговиот или нечиј друг ум е прикажано во серијата „Black Mirror“. Во една од епизодите една жена го рекреира телото на мажот ѝ и во него ги вбризгува неговите податоци собрани од социјалните мрежи. Ова секако има некои недостатоци, но претпоставува дека луѓето во иднина ќе бидат киборзи – полулуѓе, а полумашини.

Турчин веќе обезбедил неговото „тело“ и ум да бидат зачувани во историјата на интернетот. Тој го бележи секој детал од својот живот и сите нешта што ги прави во надеж некоја вештачка интелигенција ќе ги собере информациите. Кога ќе почине, една клетка од неговото тело е доволна за Турчин да биде клониран, а во новото тело да бидат вбризгани информациите.

Едноставно верувајте во бесмртноста

Има и последна опција на списокот, ако не палат претходните. Тоа е да веруваме во бесмртноста, макар тоа било и на квантно ниво, односно на нивото на најмалите честици од кои сме составени. Тоа секако би ни ги зголемило шансите за вечен живот. После сè, во физиката вкупната енергија во универзумот ниту е создадена, ниту може да се уништи, таа вечно постои.

А, ако го прашаме Турчин, тој смета дека најдобро е да се комбинираат четирите пристапи.

– Развојот на вештачката интелигенција оди прилично брзо, но далеку сме од можноста да го „префрлиме“ човекот во компјутер. Ако сакаме да го направиме со голем успех, сметајте дека тоа ќе биде во 2600 година, бидете сигурни – изјави тој за „Russia Beyond“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ