петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДо крајот на месецот Штип треба да добие јавни тоалети на три...
spot_img

До крајот на месецот Штип треба да добие јавни тоалети на три локации во градот

Јавни тоалети во центарот на градот, проблем со кој се соочуваат граѓание во Општина Штип. Во пракса на терен нема функционален јавен толает за потребите на граѓаните. Пред камерите на М-Нет телевизија тие велат мора да се работи на овој проблем и мора да има поставено јавни толаети на повеќе локации, бидејќи сега моментално во крајна потреба ги користа тоалетите во угостителските објекти. Дополнително посочуваат дека ова не е недостаток кој сега се појавил, туку се пробвлекува со години.

„Јас како штипјанец, новоселец не е само за мене важно, многу е важно од страна луѓе нема каде да отидат по една мала нужда. На неколку места треба да се направат тоалети. Градските што ги имаше користат ги како магацин.“

Решавање на овој проблем односно ставање во функција на јавните тоалети во Штип беше предизборно ветување на сегашниот градоначалник Иван Јорданов. Денеска тој истакна дека веќе се предвидени локации каде ќе се постават јавни тоалети истакнуваќјќи дека овој месец истите ќе бидат поставени.

„Веќе ја завршивме целата постапка, завршен е тендерот, избран е изведувач, дадено е налог за работа и еве во овој месец јас се надевам дека истите ќе бидат поставени. Предвидено е поставување на три локации, во централното градско подрачје, во населба „Сењак“ и населба „Осми ноември“’ – кажа Јорданов.

Инвестицијата за поставување на овие јавни тоалети е во вредност околу 400 илјади денари, пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип. Јорданов истакна дека во согласност со поребите на граѓаните се размислува за поставување на јавни тоалети и на други локации во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ