петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаБалканДојави за бомби во повеќе училишта во Белград, родителите во паника -...
spot_img

Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград, родителите во паника – Евакуација на сите ученици!

Неколку училишта на територијата на Белград утринава добиле дојава за поставена бомба утринава, соопштија за Танјуг од спрската полиција.

Како што наведуваат медиумите, припадници на антитерористичките единици на полицијата се на терен, а родителите биле известени дека децата остануваат дома.

Медиумите јавуваат дека дојави за бомби пристигнале во основното училиште „Дринка Павловиќ“ во центарот на Белград, ОУ „Васа Пелагиќ“ во Котеж и училиштето „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.

Покрај ова училиште, пријави за подметнати бомби добиле и од основното училиште „Браќа Барух“ во Дорчол, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“, „Вук Караџиќ“.

Исто така, во општина Обреновац утрово во 5 часот и 15 минути на електронските адреси на неколку основни училишта во Обреновац биле испратени анонимни пријави за експлозивни направи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ