среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаСценаДоби повик од продукцијата: Македонскиот пејач се враќа во „Ѕвездите на Гранд“
spot_img

Доби повик од продукцијата: Македонскиот пејач се враќа во „Ѕвездите на Гранд“

Младиот охриѓанец Александар Јосифовски публиката го памети по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Јосифовски остави силен впечаток со неговите рок изведби и важеше еден од фаворитите, но не успеа да стигне до финалето на натпреварувањето.

Пејачот беше под менторство на Ѓорѓе Давид кој одлично го подготвуваше својот кандидат.

Во последниот негов настап во „Ѕвездите на Гранд“, Александар ги освои сите шест гласа, односно  имаше исти број гласови како и неговиот тогашен противкандидат, па пејачот помина во бараж, но за жал го напушти шоуто.

Меѓутоа, Јосифовски се враќа на сцената на „Гранд“ . Како што обзнани на својот „Фејсбук“ тој и оваа сезона ќе биде дел од „ЅГ“.

-Драги мои, ледс и џентс….И оваа сезона, набрзо се гледаме на малите екрани во емисијата „Ѕвездите на Гранд“. Stay tuned…, напиша тој покрај описот на фотографијата.

Како Александар повторно ќе се претстави, кој ќе го одбере за ментор, останува да видиме.

Инаку, и оваа сезона има неколку македонски претставници, а меѓу нив се издвојува Драгана Костова која е под менторство на Марија Шерифовиќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ