среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДивиот паркинг пред Дом на култура Штип стана минато, поставени се столбчиња
spot_img

Дивиот паркинг пред Дом на култура Штип стана минато, поставени се столбчиња

Конечно поставени столбови пред стариот ректорат во Штип, со што просторот кој е наменет за пешаци нема да биде узурпиран од возила. Имено, плочникот пред Домот на култура „Ацо Шопов“ Штип постојано беше со возила паркирани на места кои не се за таа намена. Граѓаните во неколку наврати реагираа до нашата редакција, дека овој простор погрешно се користи, а и сликата на терен беше иста, паркирани возила го попречуваат нормалното минување на пешаците овде. М-Нет телевизија неколкупати алармираше за проблемот, а реагираа и од СВР Штип, односно се пишуваа казни за неппрописно паркирање на возилата, но и тоа не вроди со поскуваниот резултат. Директорот на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип, Горан Трајков поднесе барање до Општина Штип, со цел проблемот да се надмине.

Од општината потрвдуваат. Секретарот, Вишна Ангелова Шорова во телфонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека барањето е поднесено на 28 март, по што општината на 1 април издала решение за поставување на столбови. Истите се поставени денеска од страна на екипи од ЈП „Стипион“, со што сликата на плочникот беше сосем поинкава, немаше паркирано ниту едно возило.

Просторот пред Домот на култура „Ацо Шопов“ е пешачка патека која е наменета за движење на пешаци, а не за паркирање на автомобили. По тој основ е и издаденото решение и поставените столбови.

Инаку, автомобили не само на плочникот не прописно се паркираат и на автобуската постројка која се наоѓа овде.

извор: mnet.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ