среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДетали за трагедијата во Пинтија: Детето било однесено мртво во болница со...
spot_img

Детали за трагедијата во Пинтија: Детето било однесено мртво во болница со голема рана на вратот

Осумгодишното дете изгризано до смрт од куче во скопската населба Пинтија било однесено во болница без знаци на живот. Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ вели дека детето имало голема рана на вратот и расеченица на главата.

„Вчера попладне, во 17.22 часот, во нашата клиника беше донесено осумгодишно дете со сериозни повреди во пределот на главата и вратот нанесени од каснување куче. Во моментот на прием детето е без знаци на живот, со проширени зеници и без срцева акција. Веднаш е направена реанимациска постапка, но, за жал, без успех. Големата рана на вратот, каде што минуваат главните крвни садови, довела до тоа детето да искрвави“, вели Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.  Наум Охридски“ за „Макфакс“.

Неофицијалните информации се дека домашното куче било англиски бул мастиф. Трагедијата се случила кога детето влегло во дворот на соседот. Телото на детето е предадено на обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека кучето што го нападнало детето било на сосед, кој живеел во близина.

„Од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, на 11.4.2023, во 18.25 часот, било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој, според пријавеното, им подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н. Г.“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ