понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДемант: Штипскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ не е конфискуван!
spot_img

Демант: Штипскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ не е конфискуван!

Познатата „Белата палата“ во која е сместена политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конфискуван од државата поради незаконска изградба, пресече вчера Основниот суд Скопје 1 со пресудата за предметот на поранешното специјално обвинителство „Талир 2 “.

Од партијата додаваат дека пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови и кога најде време да ја напише пресудата.

За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН. СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование.

Од вчера се појавија бројни шпекулации за тоа во кои градови ќе бидат конфискувани штабовите на ВМРО ДПМНЕ, а денес истите се демантирани.

Штипскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ кој е лоциран на познатото „Дулје“ не се наоѓа во списокот на конфискувани простории на партијата. За оваа тема своја изјава даде и ново избраниот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Штип, Душко Иванов, кој изјави дека нема никакви информации за пресудата, освен тие од медиумите. Тој потенцираше дека веќе една деценија се вселени во просторот, кој бил карабина кога го преземале.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ