сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДва лежачки полицајци ќе се постават на улицата „Панче Караѓозов“ во Штип
spot_img

Два лежачки полицајци ќе се постават на улицата „Панче Караѓозов“ во Штип

Два лежачки полицајци ќе се постават на долгоспоменувата и штотуку асфалтира улица „Панче Караѓозов“ во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека одлуката за поставување на таканаречени лежачки полицајци следи по барањето од страна на тамошните граѓани за нивно поставување.

„Во моментот улицата Панче Караѓозов е повторно актуелна затоа што на барање на тамошните жители заради преголемата брзина на движење на возилата кои се движат по неа. Имавме барање да се постават лежачки полицајци на две места на самата улица ќе бидат деновиве поставени“ – кажа Јорданов.

На оваа улица беше започнато да се работи пред речиси две години, првиот асфалтен слој беше поставен пред пет месеци, а целосно асфалтирана беше на 30 март годинава. Деновиве се очекува да бидат поставени и лежачки полицајци на две места.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ