петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДали во Штип е напишана глаголицата - Археолошките истражувања може да потврдат...
spot_img

Дали во Штип е напишана глаголицата – Археолошките истражувања може да потврдат каде е Равен – лулката на писменоста?!

И понатаму останува мистерија дали токму на локалитетот Кале кај карбинското село Крупиште, сместено во околината на градот Штип е напишана глаголицата.

Обраснати во трева и неистражени до крај стојат артефактите на овој локалитет, според кои може да се утврди дали токму овој регион е местото каде е напишана првата словенска азбука.

Пронајдените неколку цркви и катедрала од четвртиот до десеттиот век кореспондираат со податоците од животописот на светите браќа Кирил и Методиј, но и податокот дека Кирил ја напишал глаголицата во градот каде за епископ бил назначен неговиот постар брат. Штипскиот музеј изработи проект за конзервација на локалитетот.

Во чест на сесловенските просветители, штипскиот музеј изложи за јавноста и стари црковни книги, сведоци на старословенската писменост, кои може да бидат видени во наредните десетина дена.

Инаку, во центарот на Штип се подигна споменик на Кирил и Методиј на местото каде што пред 70 тина години се наоѓало најстарото основно училиште во Штип, кое го носело името на сесловенските просветители.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ