петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаБалканГрција во тренд со европските вредности: Ципрас ветува истополови бракови и можност...
spot_img

Грција во тренд со европските вредности: Ципрас ветува истополови бракови и можност да посвојуваат деца доколку дојде на власт

Официјализирање на бракот за сите парови, без разлика на полот и правото да имаат деца, доколку СИРИЗА дојде на власт, најави лидерот на партијата Алексис Ципрас во неговата видео порака за време на настанот организиран од ЛГБТ+ групата во партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас рече дека за актуелниот грчки премиер „иако се декларира како либерален, сè уште не е дојдено времето за клучните прашања и клучните барања на ЛГБТ движењето“ и упати уверување дека со СИРИЗА на власт ова ќе се промени.

Победата на СИРИЗА- Прогресивна алијанса на изборите на 21 мај ќе го отвори патот за прогресивно владеење. А прогресивната влада предводена од СИРИЗА- Прогресивна алијанса ќе го институционализира бракот за сите парови, без разлика на полот со целосни права, вклучително и правото на потомство, рече Ципрас.

Потсети дека за време на Владата на СИРИЗА, во Парламентот беше донесен закон за граѓанско партнерство за истополовите парови.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ