Ние имаме преговарачка рамка која е прифатена со францускиот предлог, имаме експертска група од професори и правници кои ќе работат на уставните измени, вели премиерот Ковачевски во врска со предлогот за уставни измени по “хрватски” терк на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Пленковиќ.
-“Секој во таа група ќе може да си каже како смета дека треба да се спроведат уставните измени, дали по хрватски модел, дали некаков друг модел, но сметам дека треба да продолжиме со македонскиот модел, обврска на сите политички партии е да ги поддржат стратешките одлуки на државата и тие да не се предмет за дневно-политичка борба”, вели Ковачевски кој додава дека Македонците сакаат да живеат во Европска унија но дома, не во странски земји кои се членки на ЕУ.
-“Јас не кажав дали е или не е прифатливо, кажав дека процесот е структуриран процес согласон Закон и Устав, има работна група во која се поканети претставници на политичките партии застапени во парламентот. Јас сум за тоа да донесеме уставни измени со кои ќе ги отвориме кластерите после ноември и до 2030 година да станеме членки на ЕУ”, додава Ковачевски.