По зголемување на минималната плата на 18.000 денари, синдикалните организации бараа скалесто зголемување на платите во јавниот сектор за да се постигне усогласување, но не наидоа на разбирање од владата. Пред неколку дена голем дел од синдикатите одржаа протест, по кој владата оствари средба со СОНК.
Бурни реакции во јавноста по однос на прашањето со платите во јавниот сектор, во јавноста предизвика изјавата на премиерот Димитар Ковачевски. Во своето гостување на Алсат телевизија, премиерот вели дека дијалогот со СОНК е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности.


