петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГрадските тоалети во Штип се претворија во „уметнички“ галерии и центри за...
spot_img

Градските тоалети во Штип се претворија во „уметнички“ галерии и центри за „лечење“ на комплекси: Здравков со апел за поголема совесност до граѓаните (ФОТО)

Градските тоалети во Штип се претворија во „уметнички“ галерии и центри за „лечење“ на комплекси, тажна слика на вандализам која може да се види по само еден месец од нивното пуштење во употреба.

Несовесни граѓани ги демолирале чешмите и ги иширале ѕидовите на монтажните тоалети.

Директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков потенцираше дека досега во неколку наврати се забележани кражби на чешми и сијалици, а притоа биле и демолирани повеќето елементи во градскиот тоалет.

„Упатувам апел до граѓаните за поголема совест, ги повикувам Штипјани заеднички да ги чуваме градските тоалети кои се наменети за наши потреби. Секоја следна интервенција на ЈП Исар ќе значи нов трошок од буџетот на граѓаните“, изјави Здравков.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ