среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГрадоначалникот Јорданов ја посети својата класна наставничка
spot_img

Градоначалникот Јорданов ја посети својата класна наставничка

Денес Градоначалникот Јорданов по повод празникот на жената 8ми Март ја посети неговата класна наставничка.

Имено на својот профил напиша:

Секој човек остава трага во нашиот живот.

Но, некои луѓе не само што оставаат трага, туку ни се водилка, затоа што дале бројни совети и цели генерации насочувале и подготвувале за идните фази во животот.

Денешниот ден го посветив на жената која на многу генерации помогна да го изберат вистинскиот правец, од аспект на морални и хумани вредности, да ги изберат позитивни човечки особини и со работа да го слават успехот.

Среќен празник на мојата класна наставничка, Грозданка Мешинкова!

Среќен празник на сите жени, кои оставаат белег со своето постоење!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ