петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаГрадежни активности на клучката Миладиновци до Кадрифаково
spot_img

Градежни активности на клучката Миладиновци до Кадрифаково

Од денеска па се до 19.02.2022 ќе се изведуваат грaдежни активности на дел од државен пат А2 на потег од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково на седум локации, поставување на видео надзор на дел од клучките каде ќе има затворање на една сообраќајна лента (брза лента) во период од 2 часа за секоја клучка, а во времетраење од 10 работни дена. Градежните активности ќе бидат изведувани од страна на „Итек Системс“ – Гевгелија, соопшти АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на П.Шапка и Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ