понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГрадежна офанзива низ неколку населби во Штип (ФОТО)
spot_img

Градежна офанзива низ неколку населби во Штип (ФОТО)

Градежна офанзива низ неколку населби во Штип. Деновиве се асфалтираа улици во централното градско подрачје и во населбата Пребег.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на увидот во градежните работи на вели реконструирана е улицата „Страшо Пинџур“ под Текстилното училиште во Штип, која досега беше со коцка. Посочува дека асфалтната маса се поставува на дел од оваа фреквентна улица, затоа што временските услови изминатите  два дена не  дозволуваа да се работи.

-Веднаш по асфалтирање на оваа локација, односно нанесување на асфалтната маса, ќе продолжиме во населба Пребег и затворање на други локации на територија на општина Штип. Завршени се сите подготвителни работи, така што сѐ додека ни дозволуваат временските прилики, доколку во наредните денови нема врнежи од дожд, ќе продолжиме со засилена динамика на асфалтирање, односно на најавената пролетна градежна офанзива. Очекуваме во следните неколку недели да се асфалтираат десетина улици на територија на општина Штип, некои од нив за првпат ќе добијат асфалтна маса, вели Јорданов.

Улицата „Страшо Пинџур“  е инвестиција вредна 780.000 денари, а реконструкциите на улиците со тротоарски површини  во населбата Пребег чинат околу три милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ