среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГолем подвиг на алпинистките на Лисец од Штип: Викендов се искачија на...
spot_img

Голем подвиг на алпинистките на Лисец од Штип: Викендов се искачија на врвот – Браитхорн

Друштвото на планинарски спортови Лисец – Штип, ја релизираше првата македонска женска експедиција на врвот Браитхорн на 4.164 метри надморска висина, на швајцарските Алпи.    

Подвигот се случи во петокот во 11:32 часот од следните членови: Вишна Шорова-Ангелова, Снежана Наковски, Бисера Димитрова, Билјана Спаскова, Кристина Сандева и Атанаска Ристова, со логистичка поддршка од: Трајче Алексов, Кирил Стојанов, Милорад Ангелов и Тоше Ристов.

„Овој пат, жените беа двигател на нов тренд, кој беше силно поддржан од сите членови на ДПС Лисец. Ова е доказ дека и жените можат да остваруваат подвизи, за кои стереотипно се однесуваат на машкиот пол и само преку вакви активности може да се унапреди нивната улога во општеството“, стои во соопштението на ДПС Лисец-Штип.

Со ова, ДПС Лисец стана првиот и единствен македонски клуб кој испрати женска експедиција на Алпите и на тој начин стана етаблиран планинарски клуб, кој преку ентузијазам, силна мотивација и верба во своите членови, работи на развој на овој спорт меѓу сите генерации, независно од нивниот пол, социјален или образовен статус.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ