петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаСветГерманија ќе повлече нога - ЕУ ја следи во чекор: Владата отвoра...
spot_img

Германија ќе повлече нога – ЕУ ја следи во чекор: Владата отвoра пат кон легализација на канабисот!

Германската Влада денеска го отвори патот кон легализација на канабисот, иако останува нејасно дали планот ќе помине на европско ниво, пренесе ДПА.

Според планот одобрен од Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц, канабисот и активната супстанција тетрахидроканабинол (THC) повеќе нема да бидат законски класифицирани како наркотици.

Купувањето и поседувањето до 30 грама канабис би било ослободено од казна, приватното одгледување би било дозволено во ограничен обем, а ќе биде можна и продажбата на возрасни лица во „лиценцирани специјализирани продавници“ и евентуално во аптеки.

Дали тоа навистина ќе се случи, сепак, останува да се види, коментира ДПА. Европските правила за канабис би можеле да и застанат на патот на легализацијата во Германија.

Меѓународната правна рамка нуди „ограничени опции за спроведување на проектот на коалицијата“, според планот одобрен од Кабинетот во Берлин.

Во коалицискиот договор, централно-левичарската СПД на Шолц, Зелените и про-бизнис ФДП се согласија да воведат „контролирана дистрибуција на канабис до возрасни за потребите на потрошувачката во лиценцирани продавници“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ