Општина Штип со организацијата „Man And Mountain“, како и компаниите Пакомак и Пивара Скопје, денес ја организираше еко акцијата „Генералка Викенд“.
Во акцијата беа вклучени вработените од Јавните претпријатија, вработените во Општина Штип, планинарско друштво “Лисец”, како и сите заинтересирани граѓани, кои со заеднички сили собраа над 250 вреќи отпад од 3 локации во градот.
За сметка на собраната количина отпад, Општина Штип ќе добие еквивалентен број на садници, со кои ќе ја раззелениме нашата општина.
