среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВремето денес ќе биде сончево и потопло, попладне дожд
spot_img

Времето денес ќе биде сончево и потопло, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Под влијание на студена воздушна маса во вторник ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ