петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне сончево, попладне со дожд и ветер
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне сончево, попладне со дожд и ветер

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Скопје ќе биде до 20 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои краткотрајно ќе бидат поројни, а во одредени делови, особено во јужниот дел од земјата ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, додаваат од УХМР. Утринските температури ќе бидат од 0 до 8 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе достигнат од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Скопје денеска ќе биде од 8 Целзиусови степени наутро, до 20 Целзиусови степени во текот на денот.

Утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура утре ќе биде 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, а температурата ќе биде до 21 Целзиусов степени.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ