сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне сончево, попладне дожд и ветер низ цела Македонија
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне сончево, попладне дожд и ветер низ цела Македонија

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Во пладневните часови ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветрот и услови за краткотрајно невреме.

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од пладне се очекува облачноста да се зголеми и на места да има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветрот. На некои места, како што велат од УХМР, можно е да има и локално невреме со силен ветер и појава на ситен град. Температурата наутро ќе биде од 3 до 9 Целзиусови степени, а во текот на денот од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Во пладневните часови, како што информираат од УХМР, ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе биде 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.

И утре времето ќе биде променливо облачно. Попладне се очекува да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен северен ветер и услови за локално невреме со појава на град.

Во Скопје времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Во пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ