Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време.
Од УХМР велат дека од влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.