среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВременска прогноза: Искористете го сонцето пред дождот - Денеска не очекува ведро...
spot_img

Временска прогноза: Искористете го сонцето пред дождот – Денеска не очекува ведро време со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ