петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи...
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, а дневната од 11 до 21 степен.

Во Скопје претежно облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно, наутро со врнежи од дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје утре променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ