среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВработена во Домот за доенчиња во Битола фатена „дрво“ пијана: Врзала дете...
spot_img

Вработена во Домот за доенчиња во Битола фатена „дрво“ пијана: Врзала дете во вреќа за спиење и го „бетонирала“ за кревет

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, која неодамна беше уапсена поради запоставување, за време на работа била во алкохолизирана состојба и врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет така што да не може да се движи, констатирал Народниот правобранител.

Од страна на раководството на установата превземени се соодветни дејствија и отпочнати се постапки кон вработената, поради таквото постапување. Според Народниот правобранител, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.

Народниот правобранител очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената и во иднина да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во вакви установи и да го мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ