петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsВо штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на единицата
spot_img

Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на единицата

 Во касарната „Јане Сандански“- Штип, со воена свеченост припадниците од Вториот пешадиски баталјон (2,пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата „17 -ти септември“, денот кога е формирана 14-та Младинско македонска народна ослободителна ударна бригада (ММНОУ) во село Митрашинци Беровско.

По повод одбележување на „17- ти септември“, Денот на единицата делегации од претпоставената команда, единицата и членови на семејствата на загинтатите припадници, положија свежо цвеќе пред спомен одбележјето „Македонија“ на влезот од касарната и на спомен одбележјето.

На свеченоста присуствуваа, командантот на 1.пбр полковник Сашко Лафчиски со дел од персоналот на командата и штабот на бригадата, поранешни команданти и припадници на единицата, преставници од локална самоуправа, раководители на јавни институции и останати гости.

Пред присутните се обрати командантот на касарната „Јане Сандански“ потполковник Зоран Сумрачки, кој во својот говор се осврна на историскиот пат на „ММНОУ“ (14-та Младинско македонска народна ослободителна ударна бригада).

-Добиената оценка „борбено оспособени за извршување на мисијата“ е големо достигнување за кое сите ние сме горди, но веќе пред нас е предизвикот за формирање на Лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) чие јадро е токму 2.пб, вели Сумрачки.

Обраќање имаше и командантот на Првата пешадиска бригада полковник Сашко Лафчиски.

-Ви го честитам Денот на единицата и ви одавам признание за се што оваа единица има постигнато во изминатиот период во извршување на задачите и мисиите надвор од земјата заедно со останатите партнери и членки на НАТО, воедно истакна „ Почитувани присутни, во оваа прилика сакам да ја потенцирам важната улога на 2.пб во подршката кон локалните и државните инзтитуции во зоната на одгоовоност, во нивната посветеност и пожртвуваност се уверија и граѓаните на Република Словенија, после големите поплави оваа држава минатиот месец, рече Лафчиски.

Согласно спроведени интерни процедури беше избран најдобар вод за 2022 година, на командирот на најдобриот вод потпоручник Чедомир Николовски му беше врачено пехар и знаме за најдобра единица. По повод Денот на единицата беа прочитани стимулативни мерки а на институции беа доделени благодарници со кои единицата имаше успешна соработка при извршување на работните обврски и задачи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ