петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsВо центарот на Штип ќе се воведат хуманитарни паркинг-места
spot_img

Во центарот на Штип ќе се воведат хуманитарни паркинг-места

Во централното градско подрачје на Штип од наредниот месец ќе се воведат хуманитарни паркинг-места. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски, вели дека во моментов работат на обезбедување на потребните материјали, како и на набавка на бои и на информативни табли, кои би требало да се постават до крајот на овој месец.

– Јавното претпријатие „Стипион“ е во фаза на техничка подготовка за ставање во функција на хуманитарната зона Х. Во тек е набавка на сообраќајни табли и на соодветна сигнализација, како и набавка на бои за исцртување на позициите и други потребни материјали.

Очекуваме сите подготовки да завршат до крајот на месецов и веќе следниот месец да започнеме со редовна работа – вели Стефановски.

Тој посочува дека паркинг-местата на неколку локации во централното градско подрачје во Штип ќе бидат различно обележани, согласно со креативноста на уметниците кои хуманитарно ќе работат на обележување на Х-зоната во градот. На местата ќе бидат поставени соодветни табли со кои граѓаните ќе може да ги препознаат овие паркинг-места. Стефановски вели дека ЈП „Стипион“ нема да издвои пари за уметниците, туку само за потребните материјали.

– Осмислено е, со учество на некои уметници, вклучувајќи ја нивната креативност, да се обележат позициите кои се предвидени за цртање со некои мотиви и кои ќе бидат во различни бои. Ќе има означено табли на тие позиции, кои ќе бидат обележани и препознатливи – нагласува Стефановски.

Во оваа Х-зона во центарот на градот се опфатени 131 паркинг-место, а за паркирање  автомобил ќе се плаќа 30 денари за првиот час и по 30 денари за секој нареден час. Дваесет процент од средствата што ќе се приберат од оваа зона ќе одат за хуманитарни цели. Според одлуката на Советот на Општина Штип, за овие места ќе важат месечните билети.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ