петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВо Македонија и денеска облачно и дождливо, еве кога да очекувате сонце?!
spot_img

Во Македонија и денеска облачно и дождливо, еве кога да очекувате сонце?!

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во петок во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ