петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВо ЕУ повеќе ништо нема за „две червени“: Бугарите одат да пазарат...
spot_img

Во ЕУ повеќе ништо нема за „две червени“: Бугарите одат да пазарат во Македонија заради пониските цени на храната!

Со укинувањето на рестрикциите поради коронавирусот, голем број жители на Благоевград и луѓе од регионот повторно излегоа на пазарите во околните градови во Република Македонија. Секој викенд стотици Бугари од регионот на Благоевград, Петрич и Ќустендил патуваат во Македонија, комбинирајќи кратко семејно патување и шопинг. Иако цените на основните прехранбени производи и таму значително пораснаа во последните месеци, тие сепак остануваат поевтини од стоките на бугарскиот пазар, пишува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Леб и јогурт најчесто купуваат пензионерите во еден од дуќаните во благоевградското село Селиште. Цените на сите производи се зголемени за 10, 20, па и 40 отсто, а платите и пензиите воопшто не растат со овие стапки, стои во текстот.

-Килограм кашкавал чини повеќе од 20 лева во продавницата во Селиште. Неговата цена е за околу 3 лева пониска во продавниците во градот Делчево, во соседна Македонија. Борис Руснеов често патува од Благоевград кај нашиот западен сосед за да шета и да пазарува.

Отидов на стоматолог таму и додека бев пробав некои од македонските производи. Да, тие се многу поевтини од нашите, но најмногу ме импресионираше квалитетот – вистинско месо, вистинско сирење. Имам и мало дете, кое исто така кога одам таму, а патувам речиси секоја недела. Јас и сопругата одиме во Македонија на вечера, просто го сакаме квалитетот на храната, објаснил тој, пишува БНТ.

Делчево е на 40 км од Благоевград. Потребно е помалку од еден час за да се стигне до таму, но во последните недели во сабота имаше голем сообраќаен метеж на границата. Иако и таму се зголемени цените на основните производи, сепак тие се за 10-20% поевтини од овде, се потенцира во текстот.

-Таму купувам и ориз, леќа, грав. На син ми му купувам месо, кашкавал, кашкавал, шунка, бидејќи е, велам, од вистинско месо. Таму генерално се нуди сирење, но има неколку видови кои можеш да бираш. Кашкавалот им е многу убав. Ние правиме пица, на пример, со нашето сирење што го купивме овде и со сирење од Македонија, а одозгора се гледа мрсноста, изјавил Руснеов за БНТ.

Се додава и дека дел од бугарските туроператори, покрај кратки тури до интересни места и знаменитости во соседните земји како Македонија, нудат и шопинг патувања.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ