петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВладата го реши проблемот со масовното иселување на Македонците: Издадени работни дозволи...
spot_img

Владата го реши проблемот со масовното иселување на Македонците: Издадени работни дозволи за лица од Непал и Пакистан

Од почетокот на годинава заклучно со вчера од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) дадени се позитивни мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема поднесени барања, информираат од АВРСМ за МИА.

Од Агенцијата за вработувањесе надлежна институција за издавање работна дозвола за странец кој го има регулирано престојот во државата по друг основ (освен вработување), со поднесување барање за издавање работна дозвола во АВРСМ – надлежните центри за вработување, давање мислење врз основа на искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Северна Македонија, во постапката за стекнување дозвола за привремен престој заради работа и издавање Потврда за регистрација на работата која ја вршат странците во државата, а за која не е потребна работна дозвола. – Оваа надлежност произлегува од Законот за вработување и работа на странци и Законот за странци, подзаконските акти кои ја доуредуваат материјата и Одлуката за определување на квотите на работни дозволи за странци, појаснуваат од Агенцијата за вработување.

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, неодамна информираше дека од почетокот на годинава преку 3 000 странски граѓани добиле дозвола да работат во земјава, а годишната квота, како што посочи е 5 000. Според него, земјава планира „увоз“ на работна сила, а најмногу кадар недостига во туризмот и градежништвото.

-На ваков начин, со отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила. Долгорочното решение е доквалификација, реквалификација на нашите луѓе кои живеат тука и да се стекнат со нови вештини кои им се потребни на компаниите, вели Битиќи, според кого увозот на работна сила не е долготрајно решение, а државата прави напори да ја подобри состојбата со недостигот на работници.

Да се либерализира пазарот на трудот и да се овозможи повеќе работа за странци бараат и од стопанските комори, а од Организацијата на работодавачи порачуваат дека размислуваат да „увезат“ работна сила од земјите кои имаат пониска просечна плата од нашата. Подолго време во земјава работат работници од Турција во делот на градежните инвестиции на турски компании и од Кина на изградбата на автопатиштата. Агенциите за посредување веќе почнуваат да нудат работници од Далечниот исток пред се од Пакистан, Непал и Бнагладеш, но за да дојдат во земјава неопходни им се околу 2 000 евра за пат, плус работодавачот треба да им обезбеди и место за престој.

-Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, вели Битиќи.

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше о

Според него, прашањата како што е увозот на работна сила, мора да се отвораат и да се разговараат, бидејќи е подобро да бидеме подготвени, отколку затечени од ситуацијата. Сепак, вели, долгорочните решенија треба да се бараат кај нашите граѓани кои мора да ја сфатат нужноста од преквалификација и доквалификација зашто некои работни места од пред 30 години, веќе не постојат.

-Мора да сфатиме дека доживотното учење не е само на хартија и на зборови, туку треба да се докфалификуваме и преквалификуваме, да сме во тек со работните места кои се отвораат. Работни места кои постоеле пред 30 години, веќе ги нема, се бараат нови вештини и знаења. Владата никогаш не била тука да носи некого на грб, туку креира можности. Нуди законски можности, елиминирање на бирократските процедури, креира можности секој да си го најде местото. Веќе 3.000 и нешто од квотата 5.000 е затворена. Додека ние зборуваме приватниот сектор ги наоѓа решенијата сами, изјави Битиќи.

Според него, „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса во сите земји.

-Примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10.000 работници. Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. Во Владата е отворена дискусија затоа што тоа е актуелен проблем, вели Битиќи и додава дека смета оти првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот.

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) бара од Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои г

Со неговиот став се согласуваат и од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од каде барат Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји.

-Состојбата со пазарот на трудот во Македонија е многу алармантна, бидејќи нашите млади заминуваат во странство. Приоритет на Владата треба да и биде да го либерализира пазарот на трудот со земјите од регионот што е веќе започнато со некои земји. Бараме тоа да се направи и со Косово и да ги елиминира бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји, вели претседателот на СКСЗМ Менди Ќура.

Тој посочи дека мора да се зголемат квотите за увоз на работна сила дури и од Азија, бидејќи има недостиг на работна сила во земјава особено во угостителството, туризмот и градежништвото. Пред тоа да се направимора да се искористат сите капацитети кои ги имаме во земјава.

-Агенцијата за вработување треба да биде поажурна и тие што се пријавени за невработени да се вклучат во работната сила и да се вработат во компаниите кои бараат работна сила. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале околу 15 илјади студенти, но за жал тие заминуваат во странство. Се согласуваме дека треба да расте минималната плата, но настојуваме да се зголеми и средната плата на 500 до 600 евра, а не просечната, за колку толку да се спречи одливот на кадри во странство, порача Ќура.

– Како членови на Економско-социјалниот совет сигурно дека нема само да набљудуваме што ќе се преговара, затоа што на крајот на краиштата и нас не интересира висината на платите во јавниот се

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи недоамна во интервију за МИА посочи дека најголем проблем во реалниот сектор е недостаток на работници и неможноста да се најде квалификуван работен кадар иако во Агенцијата за вработување се уште има голем број на регистрирани невработени лица.

-Но, тие невработени не сакаат да се јавуваат на огласите за слободните работни места, а од друга страна и покрај напорите на Владата преку активните политики за вработување тие не се јавуваат ниту имаат желба за преквалификација, што значи долгогодишните проблеми во системот на образование кај се продуцираа кадри кои не одговараа на нашето стопанство си го дава својот резултат. Значи, тие луѓе да речеме ако имаат завршено некој факултет, чекаат да се вработат според дипломата, за која што се школувале и не прифаќаат преквалификација или доквалификација за друго работно место, рече Димитров.

Ова, како што укажа, значи дека ние само формално имаме невработени, а кога некоја фирма ќе отиде во Агенција за вработување и ќе бара 20 до 30 работници, не може да најде ниту тројца од соодветниот кадар.

Димитров предлага да се либерализира пазарот на трудот и тоа, како што вели, не мора да биде преку ноќ, туку постепено. Во државава, информира тој, има неколку агенции за увоз за невработени за вработување кои веќе имаат контакти и преговараат со странски работници кои се заинтересирани да работат во Македонија. Се разбира дека на тие луѓе кои ќе дојдат во Македонија треба да им се обезбеди место за станување, значи за живеење, да им се обезбедат минималните услови и да се вработат во нашите компании. Тоа веќе се случува во Хрватска, во Бугарија, посочи Димитров, кој од агенција од Скопје веќе добил понуда за работници од Непал.

-Таму има доволно заинтересирани луѓе кои имаат искуство со машини за шиење, бидејќи знае дека јас сум од таа бранша, па и ми понуди такво нешто, но сигурно некои разговарале и со други држави. Бангладеш, Пакистан, Флипини, Индонезија се држави кај што имаат трипати пониски плата од нашата и мислам таму може да се разговара, информираше Димитров.

Во Собранието минатиот месец беа ратификувани договорите за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од овој регион.

Со ратификацијата на договорите, што се поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Исто така ќе можат да добијат „Отворен Балкан“ број за идентификација на нивниот национален портал за е- Влада или на нивниот национален портал за електронска идентификација.

-Со ратификувањето на договорите се засилува конкурентноста во регионот, бидејќи компаниите ќе може да сметаат на работната сила на трите држави непречено, што ќе влијае и на конкурентноста на пазарот на трудот и растот на платите. Со тоа излегуваме во пресрет и на компаниите и стопанските комори од трите држави, кои очекуваа брзо спроведување на оваа мерка со која се либерализира регионалниот пазар на трудот, порачаа од Владата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ