вторник, јуни 6, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsВклучен црвениот аларм: Зa 15 месеци измамени 12 граѓани од Штип со...
spot_img

Вклучен црвениот аларм: Зa 15 месеци измамени 12 граѓани од Штип со брзи кредити

Во рок од 15 месеци на подрачјето на СВР Штип дванаесет граѓани пријавиле дека се измамени со подигање на брзи кредити, покажуваат статистичките податоци на Секторот за внатрешни работи.

Во текот на минатата и изминативе месеци оваа година на подрачјето на СВР Штип дванаесет лица пријавиле дека се измамени за подигање на брзи кредити.

СВР Штип до надлежното ОЈО во овој период има поднесено 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела поврзани со измами за добивање брзи кредити, од кои три кривични дела се расветлени, а за останатите се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измами, соопштија неодамна од СВР Штип.

Еден од последните случаи за измама за брз кредит е во Виница, каде што вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000денари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ