понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаСценаВиктор „Супермен“: Жал ми е што народот се разочара од гласањето!
spot_img

Виктор „Супермен“: Жал ми е што народот се разочара од гласањето!

Македонскиот Избор на песна за Евровизија 2022 крена навистина голема прашина, многу коментари, многу озборувања, реакции… Фаворитот на публиката, Виктор Апостоловски, ја пееше песната „Супермен“ и имаше повеќе гласови од публиката, 12.631, а втората Андреа само 4.300.

На крајот, да потсетиме, тој и Андреа имаа ист број бодови:20. За победникот одлучи правилото, кое беше востановено во МРТ, за кое сите претходно се согласиле. За Италија ќе патува оној што ќе има повеќе гласови од стручното жири, а тоа беше Андреа, која, секако, сега треба да ја поддржиме.

– Пресреќен сум што добив толку поддршка од нашиот народ! Искрено, не очекував „Супермен“ да сплоти толку многу луѓе. Единствено нешто за што ми е жал е тоа што народот се разочара од финалниот резултат. Па, за утеха, ветувам еден добар спот за „Супермен“ – искрен е несудениот македонски претставник на евровизискиот фестивал.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ