сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаШтип News(Видео) Јорданов: Од денес започнуваме со активности во населба Каваклија за поставување...
spot_img

(Видео) Јорданов: Од денес започнуваме со активности во населба Каваклија за поставување на нова водоводна мрежа, освен оваа водоводна линија во наредниот период неколку улици во нашиот град ќе бидат заменети со комплетно нова водоводна и канализациона мрежа

Од денес започнуваме со активности во населба Каваклија за поставување на нова водоводна мрежа во должина од 2600м и од вкупен износ од 9,5 милиони денари пари на граѓаните.

Ова е суштинска потреба на оваа населба затоа што е долгогодишен проблем со водоснабдувањето на овој дел од градот и се решава децениски проблем на жителите на оваа населба.

Веднаш после поставувањето на водоводната мрежа ќе бидат асфалтирани и бетонирани сите улици при поставувањето на водоводната линија што ќе бидат оштетени.

Освен оваа водоводна линија во наредниот период неколку улици во нашиот град ќе бидат заменети со комплетно нова водоводна и канализациона мрежа, во населба Македонка исто така ќе ставиме нова мрежа и нови приклучоци до сите домакинства, така да периодот што следи ќе го искористиме за инвестиција во инфраструктура во водоводна и канализациона мрежа. – истакна Градоначалникот Иван Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ