понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаВидеоВИДЕО | Урнебесно: Момче гризнало лута пиперка и сфатило дека згрешило
spot_img

ВИДЕО | Урнебесно: Момче гризнало лута пиперка и сфатило дека згрешило

Речиси сите деца се љубопитни, особено кога станува збор за вкусување нови јадења. Меѓу нив е и малиот Емет, кој решил да проба лута пиперка. Неговата мајка му дозволила да ја вкуси пиперката и сам да процени дали му се допаѓа. Секако, таа не заборавила да ја сними неговата урнебесна реакција, која потоа ја објавила на платформата Тик-ток.

На почетокот од снимката, Емет бил прилично весел кога ја гризнал пиперката и почнал да ја џвака за да дознае каков е нејзиниот вкус. Но, неговиот насмеан израз на лицето се претворил во збунет, па почнал да мавта со рачињата кон устата, давајќи до знаење дека ја почувствувал лутината на пиперката.

Но, Емет одлучил да издржи до крај! Не ја плукнал пиперката, туку продолжил храбро да ја џвака.

„Мислам дека рече дека не е лута. Дали е лута?“, се пошегувала мајката и му понудила чаша вода, која Емет ја испил до крај.

Моментално, видеото има 13 милиони прегледи, а многумина му честитале на момчето за храброста.

@lucyestrada50 It’s the face when he realized he messed up for me 🤣🤣 #toddlersoftiktok #spicyfoodlover ♬ original sound – Lucy Estrada
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ