петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСвет(ВИДЕО) СРЕЌА И СОЛЗИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Земјата по две години...
spot_img

(ВИДЕО) СРЕЌА И СОЛЗИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Земјата по две години ги отвори границите, овие емотивни средби нема да ве остават рамнодушни

Австралија денеска по речиси 2 години ги отвори границите за вакцинирани патници против коронавирусот од странство.

Целосно вакцинираните патници не одат во карантин, а оние кои не се вакцинирани прво мора да престојуваат во хотел 14 дена на свој трошок. Патниците можат да влезат во сите земји освен Западна Австралија, која останува затворена до 3 март, а за влез во земјата ќе биде потребен доказ за трите добиени вакцини.

– Ова е многу возбудлив ден, кој долго време го посакуваме откако ги затворивме границите, на самиот почеток на пандемијата, им рече на новинарите австралискиот премиер Скот Морисон.

Повеќе од 50 авиони денеска од странство ќе летаат за Австралија, јавува Ројтерс.

Многу семејства денес во Сиднеј повторно се обединија откако почнаа да пристигнуваат патници со летовите. Авиокомпанијата Квантас очекува да пристигнат повеќе од 14.000 патници оваа недела.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ