понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(Видео) Симовски – За 4 категории на граѓани податоците се нецелосни: Во...
spot_img

(Видео) Симовски – За 4 категории на граѓани податоците се нецелосни: Во Македонија нема ниту 58 проценти Македонци, ниту 24 проценти Албанци

Вчера можеби ги водевме најтешките муабети од почетокот на емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс.

Дебатиравме со директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски повеќе од 2 часа на тема „Попис“.

Она што морам да го кажам и да бидам доблесен е дека човекот покажа храброст да дебатира сам наспроти тројца, ја прифати поканата и издржа машки.

Најважниот момент од вчерашната емисија е фактот дека и самиот Симовски потврди дека податоците се нецелосни, а со тоа и неточни за процентуалната застапеност во 4 категории, етникум, религија, мајчин јазик и јазик кој најчесто се користи во домаќаниствата.

Зошто? Бидејќи за овие 4 белези Државниот завод за статистика нема информација за повеќе од 132 илјади граѓани дел од резидентното население.

Импликациите од ова признание на Симовски се дека ниту еден политички или етнички субјект во Македонија не може да се фали со бројките на етникумите на пописот и благодарание на тоа да бара дополнителни права, бидејќи истите се далеку од прецизни.

Уште еднаш му се заблагодарувам на Симовски за гостувањето и искреноста со македонската јавност.

Во Македонија нема ниту 58 проценти Македонци, ниту 24 проценти Албанци. Фала многу пријатно.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ