Руската новинска агенција „RIA Novosi“ прикажала шокантни снимки од ученици, кои во едно училиште на Крим учат да склопуваат пушки „калашникови“.
Ученици од основни и средни училишта се обучуваат како да состават пушки, носат маскирни униформи и учат пешадиска обука.
Децата прво позираат со автоматски пушки, а потоа ги демонстрираат вештините за борба гради во гради.
Во декември 2022-ра година, објавено е дека руското министерство за образование одобрило училишна програма со лекции за војната во Украина, како и учење како се пука од автоматска пушка и како се фрла граната.