сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСцена(ВИДЕО) Македонска инфлуенсерка објави дека има тумор, бара препорака за неврохирург
spot_img

(ВИДЕО) Македонска инфлуенсерка објави дека има тумор, бара препорака за неврохирург

Познатата инфлуенсерка Александра Шијакоска објави дека и откриле тумор на главата.

„Најсакани мои пријатели, роднини, соработници, луѓе кои ме познавате или не, сакам да ве известам дека извесен период нема да се дружиме. Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака.

Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите. Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ