петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(ВИДЕО) Македонецот Ацо среде Албанија во дуел со бугарските новинари издоминира: Со...
spot_img

(ВИДЕО) Македонецот Ацо среде Албанија во дуел со бугарските новинари издоминира: Со факти ги замолчи

Задоцнетата регистрација во албанските институции, моментално го одложи отворањето на бугарскиот клуб во Пустец, Албанија. Бугарската фондација Македонија, која се претставува како основач, објавува фотографии на социјалните мрежи дека клубот иако најавено, денеска нема да се отвори, но со бугарите од општината заеднички ќе го слават денот на бугарската писменост.

Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски во изјава за Сител вели дека фондацијата нема поднесено никакви документи, но одлука дали ќе се дозволи отворање културен клуб носат судовите, а не општината.

Иако Колефски вели дека општината не издава довола, Фондацијата објави фотографија дека веќе се обезбедени и подготвени простории за бугарскиот клуб. Сликите на македонските револуционери Делчев, Сандански, но и на Мисирков и Прличев се закачени во просториите, покажуваат фотограмиите.

Од фондацијата веќе неколку дена се во Пустец, па посетата ја користат не само со образложение за клубот, туку и на децата од општината да им поделат енциклопедии на бугарски јазик. Но Колефски вели дека престојниот попис ќе ја даде сликата какво население живее таму.

Денес таму имаше и бројни новинарски екипи од Бугарија, но и наши граѓани, а меѓу нив и Ацо Македон Крстески.

Тој на својот фејсбук профил сподели снимка од речиси 20 минутна дебата со бугарските новинари во Глобочане, Албанија.

ВИДЕО:

https://www.facebook.com/ace.krstov/videos/130266760061492/?t=1

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ