Во пресрет на настапот на Србија на Евровизија 2022, Ана Ѓуриќ во интервјуто за „JingleTV“ открива многу ексклузивни информации, меѓу кои, за прв пат јавноста имаше можност да го види и нејзиниот домашен миленик, кучето Роки – дел од популарниот спот за евровизиската песна „In Corpore Sano“.

Ана за прв пат во опуштено издание дава телевизиско интервју, прво на кое го најавуви својот голем концерт на еден од најпопуларните и најреномирани летни фестивали во земјава „Д Фестивал“, каде ќе настапи на главната сцена во Дојран.
