сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаВидео(Видео) Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – возачот...
spot_img

(Видео) Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – возачот изгоре зад воланот

Возило утрово удрило во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт.

Во извештајот на државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот починал на лице место.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат автомобил во пламен на самиот влез во дворот на амбасадата.

На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ