петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСветБугарската полиција го приведе Бојко Борисов 
spot_img

Бугарската полиција го приведе Бојко Борисов 

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, неговата советничка за медиуми Севдалина Арнаудова, поранешната пратеничка Менда Стојанова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов се приведени.

Полицијата влегла во домот на поранешниот премиер во Банкаја.

Информацијата од ГЕРБ ја потврдија и високи извори од новата влада, објави 24 часа. Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, изјави извор од кабинетот за медиумот.

Полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата е „итна проверка“. Истите контроли се вршат и во домовите на претставници на големиот бизнис.

„Никој не е над законот“ напиша премиерот Кирил Петков на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ