петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаСпортБрегалница со триумф по пет кола во ПМФЛ, совладан тимот на Академија...
spot_img

Брегалница со триумф по пет кола во ПМФЛ, совладан тимот на Академија Пандев

Екипата на Брегалница подобро се снајде и ја совлада Академија Пандев со 1-0 (0-0), во мечот од 12. коло на ПМФЛ. Натпреварот дојде во незгоден момент за двете екипи, затоа што и Брегалница и Академија Пандев пет кола во низа се без триумф во ПМФЛ. Илчо Ѓорѓиоски и Александар Васоски одиграа еден крајно тактички натпревар, кој заврши со домашно славје.

Првото полувреме од натпреварот во градот под Исарот беше вистинска приспивна песна, со мала иницијатива на „пандевци“. Вреди да се напомене дека немаше ниту еден шут во рамки на голот на двата голмани повеќе од 40 минути, Брегалница и Академија Пандев беа максимално претпазливи, а дури пред финишот на првото полувреме гостинот од Струмица шутна двапати во низа кон голот за првпат на натпреварот и го стави на маки Шчекиќ кој избив во корнер. Дуелот го одбележаа и три жолти картони кои паднаа во првиот дел од средбата на Градскиот стадион во Штип.

По паузата штипјани влегоа посконцентрирано во средбата. Се виде напаѓачкиот елан, а тоа резултираше со погодок за предност во 54. минута. Ѓорѓиев го забележа одличното движење на Дарко Додев, прати топка низ одбраната и младиот офанзивец стрела за предност на Брегалница (1-0).

По постигнатиот погодок домашните имаа уште неколку опасни напади, гостите се обидоа да се наметнат, ама не успеаја во тоа. До крајот на натпреварот изостанаа сериозните шанси на двете стрени, па бодовите останаа во Штип. 

Во следното коло Академија Пандев ќе му биде домаќин на Работнички, додека штипска Брегалница гостува кај Струга.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ