среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаБалканБомба од Софија: Наместо Санстефанскиот договор, Бугарија за национален празник ќе го...
spot_img

Бомба од Софија: Наместо Санстефанскиот договор, Бугарија за национален празник ќе го прогласи 24 МАЈ, денот на Светите Кирил и Методиј?!

На 3 март, датумот на потпишувањето на Санстефанскиот прелиминарен мировен договор, го славиме ослободувањето на Бугарија како национален празник. 3 март навистина може да се смета за формален чин на ослободување, но не за сите Бугари, не за постигнување вистинска слобода, бидејќи слободата не е само отстранување на поробувачот од ограничена територија, вели Деница Сачева, пратеник од ГЕРБ -СДС во специјална анализа за БГНЕС.

Во продолжение проследете ги нејзините тези во кои с еспоменуваат македонски национални херои, ВМРО, браќата Кирил и Методиј и останати македонски просветители кои пратеничката ги бугаризира.

Слободата е постојана стабилност на лична и државна независност и интегритет, која не ја стекнуваме на овој датум! На овој датум не стекнуваме ниту државност, ниту независност, ниту лична слобода, освен прелиминарен симболичен чин на надеж за евентуално ослободување, последователно неподдржан од склучувањето на Берлинскиот договор.

Со тоа датумот се претвора во пропаганден ден на русофилија, кој како и русофобијата е отстапување од единствената струја за Бугарија и Бугарите бугарофилија или љубов и посветеност кон семејството и татковината. Посветеноста и љубовта поради туѓа држава не ни се нормални. Им должиме благодарност на оние кои ни помогнаа, како што и должиме на Татковината, чии заслуги за нас се безбројни.

Повеќе инфо на следниот линк: https://infomax.mk/%d0%b1%d0%be%d0%bc%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b0%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%84%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80-%d0%b1%d1%83%d0%b3%d0%b0/?fbclid=IwAR3u9DnpROLBZAJY8cy1qLyoRytplXz5onq15spqyhFFOWm4OzKmv1g0XtA

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ